Народна поезија - категорија

камлив повеќе

камливиот
Вид збор: Придавка
каменлив
Англиски: stony

камни повеќе

Види и: камен (м.)
Вид збор: Именка, множина
камен
Англиски: stone

кипра повеќе

Вид збор: Придавка
За мома, невеста - убава, стројна, бујна.
Англиски: beautiful
Примери:
убава девојка, кипра

колку повеќе

Вид збор: Сврзник
Со временско значење, во зависносложени реченици.
Англиски: as soon
Примери:
Колку фати да cе мајтапи, ми заплака стара мајка.

коњопотковица повеќе

мн. коњопотковици
Вид збор: Именка, женски род
коњcка потковица
Англиски: horse shoe

кошоглавица повеќе

мн. кошоглавици
Вид збор: Именка, женски род
Жена со неуредена, разбушавена коса.
Примери:
Што се фалиш, жолта дуњо кошоглавице!

кршигора повеќе

мн. кршигори
Вид збор: Именка, машки род
Епитет за брз, силен коњ.

купа повеќе

мн. купи
Вид збор: Именка, женски род
винска чаша, пехар
Англиски: cup Албански: filxhan
Примери:
Меанџија, дај донеси вино, една купа...
а - б - в - г - д - ѓ - ж - з - ѕ - и - к - л - љ - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - џ - ш